ПРВ.мк
Свет

Трамп ја смени една од најблиските соработнички: На нејзино место доаѓа архитектот на масовните депортации

Трамп ја смени една од најблиските соработнички: На нејзино место доаѓа архитектот на масовните депортации

Американскиот претседател Доналд Трамп најави голема кадровска промена во Белата куќа, назначувајќи го Стивен Милер за нов шеф на кабинетот, на местото на досегашната шефица Сузи Вајлс.

Одлуката доаѓа само неколку дена по тешкиот пораз на републиканците на меѓуизборите, на кои демократите освоија контрола врз двата дома на американскиот Конгрес.

Трамп ја соопшти одлуката на својата социјална мрежа Truth Social, наведувајќи дека Милер ќе ја преземе функцијата во понеделник, 9 ноември.

„Стивен е еден од моите најдоверливи советници. Со мене е од самиот почеток“, порача американскиот претседател.

Милер (41), кој досега беше заменик-шеф на кабинетот и советник за внатрешна безбедност, важи за еден од главните креатори на строгата имиграциска политика на Трамп.

Тој имаше значајна улога во подготовката на мерките за масовни депортации и заострувањето на контролата врз имиграцијата во САД.

Сузи Вајлс (69), првата жена што ја извршуваше функцијата шеф на кабинетот на Белата куќа, ќе продолжи да работи во политичкиот тим на Трамп.

Претседателот го пофали нејзиниот досегашен ангажман, нагласувајќи дека завршила одлична работа, но дека сакал промена.

Вајлс, пак, изјави дека службата во Белата куќа била голема чест и дека останува посветена на претседателот.

Кадровското преструктурирање се случува во политички чувствителен момент за администрацијата, која по изборниот пораз ќе се соочи со Конгрес под контрола на демократите.

Со назначувањето на Милер, еден од своите најдолгогодишни соработници, Трамп го поставува клучниот застапник на него