ПРВ.мк
Свет

БОМБА ОД ВРХОВНИОТ СУД: Еве како е казнет и понижен Бен Гвир поради снимка што го потресе светот!

БОМБА ОД ВРХОВНИОТ СУД: Еве како е казнет и понижен Бен Гвир поради снимка што го потресе светот!

Израелскиот крајно десничарски министер за национална безбедност Бен Гвир е казнет со парична глоба од 23.000 нови израелски шекели (околу 6.800 евра) поради видео снимка што предизвика остри реакции во јавноста и меѓу политичките кругови.

Одлуката ја донесе заменик-претседателот на израелскиот Врховен суд, Ноам Солберг, кој оцени дека спорното видео претставува злоупотреба на јавна функција и форма на недозволена политичка промоција.

На снимката, објавена од самиот министер, се гледа како тој се однесува кон притворени активисти од т.н. „Global Sumud Flotilla“, хуманитарна мисија која се обидела да достави помош кон Појасот Газа. Според судот, видеото е снимено во државен објект и е направено со учество на униформирани безбедносни служби, што дополнително ја зголемува сериозноста на случајот.

Покрај паричната казна, судот му наложи на Бен Гвир и да го отстрани видеото од сите социјални мрежи, оценувајќи дека неговото објавување претставува форма на политичка пропаганда со користење државни ресурси.

Снимката предизвика бурни реакции и осуди од повеќе меѓународни политички претставници, но и од дел од израелската политичка сцена. Меѓу критичарите се најде и министерот за надворешни работи Гидеон Саар, кој го обвини Бен Гвир дека со вакви потези ѝ нанесува штета на државата Израел.

Контроверзното видео беше објавено во мај, во период кога активистите од флoтила со хуманитарна помош се обиделе да ја пробијат поморската блокада кон Газа. Тие биле запрени од израелските безбедносни сили во меѓународни води, по што биле задржани и подоцна депортирани во нивните матични земји.

Случајот дополнително ги разгоре тензиите и дебатите околу третманот на активистите и политичката употреба на вакви инциденти во јавниот простор.