ПРВ.мк
Свет

Пламен над Нов Зеланд - еве колку хектари шума изгоре

Пламен над Нов Зеланд - еве колку хектари шума изгоре
Kristal

Пожарникарите во Нов Зеланд продолжуваат да се борат со неконтролиран шумски пожар што зафати повеќе од 1.000 хектари во националниот парк „Тонгариро“ на Северниот остров, соопшти утринава противпожарната и спасувачка служба.

Пожарот започнал вчера попладне во популарната туристичка област „Тонгариро“, при што околу 40 туристи биле евакуирани по воздушен пат. Акциите за гасење биле привремено прекинати преку ноќ поради безбедносни причини.

Заменик-командантот на противпожарната служба, Ник Вест, информира дека пожарот се проширил во текот на ноќта, но засега нема информации за оштетени објекти или дополнителни евакуации. Денеска преку воздушно извидување ќе се потврдат размерите на пожарот, а неговото ставање под контрола, според првичните проценки, би можело да потрае уште најмалку еден ден.

Во акцијата се вклучени шест противпожарни возила и пет цистерни за вода, поддржани од шест хеликоптери и два авиони.

Escape