ПРВ.мк
Македонија

(ВИДЕО) Откупот започнува: дали годинава ќе се исплати повеќе?

(ВИДЕО) Откупот започнува: дали годинава ќе се исплати повеќе?
Kristal

Откупот на тутунот за новата реколта ќе започне за 10 дена, а според Сојузот на тутунарски здруженија, годинава се очекуваат околу 22 милиони килограми, што е за 2 милиони килограми помалку од лани. И покрај помалите количини, квалитетот на тутунот годинава е значително подобар, што ги поттикнува тутунарите да очекуваат повисоки откупни цени.

Според договорите, за годинава прва класа тутун ќе се плаќа 420 денари, а од Сојузот уверуваат дека цената ќе биде повисока од ланската, иако точната бројка сè уште не е откриена. Рекордниот број на 337 ваги исто така укажува на голем интерес кај откупувачите, што најавува вистинска трка за реколтата.

– „Откупувачите очекуваат 26 милиони килограми, но јас мислам дека има околу 22 милиони. Цените сè уште се во преговори, но уверувам дека ќе бидат повисоки од лани“, изјави Кире Ристески, претседател на Сојуз на тутунарски здруженија.

И самиот производител Јусуф Ибраими од Житоше истакна дека квалитетот на реколтата годинава е далеку подобар, а есенските врнежи ја зголемиле продукцијата за околу 10 до 15%, што ја зголемува надежта за повисока заработка.

– „Првично очекувавме околу 3 тони на тутун, а сега очекувам околу 3,5 тони. Очекуваме повисока цена бидејќи квалитетот е многу подобар од лани“, рече Ибраими.

Со новите законски измени е забранет увоз на тутун додека не се откупи последниот лист домашен тутун. Точната откупна цена ќе биде позната по почетокот на откупот, во следните 10 дена.

ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ВИДЕОТО ТУКА

Escape