ПРВ.мк
Свет

(ВИДЕО) НОЌ НА ОГАН ВО РУСИЈА: Украински дронови погодиле клучната рафинерија, градот се задуши во чад!

(ВИДЕО) НОЌ НА ОГАН ВО РУСИЈА: Украински дронови погодиле клучната рафинерија, градот се задуши во чад!

Драматична ноќ ја потресе Русија откако бранови украински дронови наводно извршиле напади врз важна нафтена рафинерија во Саратов. Според локални извештаи, нападите траеле со часови, а над градот се издигнал густ црн чад кој бил видлив од голема далечина.

Снимки и фотографии објавени на социјалните мрежи покажуваат пожари во повеќе делови од рафинеријата, додека очевидци тврдат дека експлозии се слушале во текот на целата ноќ. Според некои руски извори, огнот избувнал на најмалку пет различни локации во комплексот.

Покрај Саратов, цел на нападите било и складиште за нафта во Ростовската област. По избувнувањето на пожарот, локалните власти наредиле евакуација на жителите од најблиските куќи како мерка на претпазливост.

Рафинеријата во Саратов важи за едно од клучните постројки за преработка на нафта во регионот и има значајна улога во снабдувањето со гориво. Засега нема официјални информации за размерите на штетата, ниту пак се пријавени жртви.

Нападите со дронови стануваат сè почеста тактика во конфликтот меѓу Русија и Украина, а енергетската инфраструктура останува меѓу главните цели на двете страни. Според првичните информации, надлежните служби и понатаму работат на терен за да ги локализираат пожарите и да ја проценат штетата.

ВИДЕО