ПРВ.мк
Свет

ОПАСЕН „ТИКТОК ПРЕДИЗВИК“ – Се нуди оваа сума на пари за возење во спротивен правец

ОПАСЕН „ТИКТОК ПРЕДИЗВИК“ – Се нуди оваа сума на пари за возење во спротивен правец

На социјалните мрежи се споделуваат објави и преписки во кои се тврди дека постои опасен предизвик поврзан со возење во спротивна насока на автопат, при што наводно се нуди награда од 500 евра за секој изминат километар.

Според содржините што кружат на интернет, станува збор за наводен предизвик поврзан со платформата TikTok, во кој учесниците би ризикувале сопствен живот, но и животите на другите учесници во сообраќајот.

Во една од пораките што се споделуваат на социјалните мрежи се наведува дека „од утрово е хаос“ и дека за еден километар возење во спротивна насока се нудат 500 евра.

Сепак, овие информации засега не се официјално потврдени од надлежните институции, ниту има потврда дека ваков организиран предизвик навистина постои на TikTok.

Без разлика на потеклото на овие објави, експертите и институциите постојано предупредуваат дека возењето во спротивна насока претставува исклучително опасно и незаконско однесување, кое може да доведе до тешки сообраќајни несреќи и човечки жртви.