ПРВ.мк
Свет

СТРАШНА ТРАГЕДИЈА: Се урна авион во Франција - нема преживеани

СТРАШНА ТРАГЕДИЈА: Се урна авион во Франција - нема преживеани

Единаесет лица загинаа во тешка авионска несреќа што се случи во градот Томблен, во североисточна Франција, соопштија локалните власти.

Според првичните информации, авионот бил во сопственост на училиште за падобранство, а во моментот на несреќата во него се наоѓале пилотот и десет патници.

Во трагедијата животот го загубиле пилотот, пет ученици и пет инструктори. Надлежните служби веднаш пристигнале на местото на несреќата, но никој од патниците и екипажот не преживеал.

Поради сериозноста на инцидентот, француските власти активирале највисок степен на подготвеност, а министерот за внатрешни работи се упатил кон местото на трагедијата.

Во тек е официјална истрага која треба да ги утврди причините за падот на авионот и сите околности што довеле до несреќата.