ПРВ.мк
Свет

Зеленски алармира: Русите ја зголемуваат дрскоста, Украина најавува асиметричен одговор

Зеленски алармира: Русите ја зголемуваат дрскоста, Украина најавува асиметричен одговор

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ја истакна зголемената дрскост на руските вооружени сили, коментирајќи ги интензивните напади врз територијата на Украина.

Во објава на социјалните мрежи, Зеленски потенцираше дека Киев ќе одговори „асиметрично“ на овие напади. – Дрскоста на Русите расте – сè почесто ја напаѓаат Украина во текот на денот со десетици јуришни дронови. Синоќа имаше 150 дронови, утрово повеќе од 50, а повеќето од нив беа „Шахеди“, информира Зеленски.

Тој додаде дека ваквиот развој на настаните покажува непочитување на мировните напори од страна на Москва, истакнувајќи дека руските сили акумулираат војска на „одредени делови од фронтот“.

– Русија продолжува да напаѓа. Секако, ние ќе одговориме на тоа. Ќе одговориме, вклучително и асиметрично, така што Русија дефинитивно ќе ги почувствува последиците од својата дрскост, порача Зеленски, нагласувајќи дека Украина нема да остане пасивна пред повторните напади.

Escape