ПРВ.мк
Свет

НАЈТЕЖОК СИГНАЛ ДО МОСКВА: ‘Кој го контролира Готланд, го контролира Балтикот!’

НАЈТЕЖОК СИГНАЛ ДО МОСКВА: ‘Кој го контролира Готланд, го контролира Балтикот!’

НАТО и Шведска значително го засилуваат своето воено присуство на стратешки важниот остров Готланд во Балтичкото Море, кој сè почесто се опишува како една од најчувствителните точки во евентуален конфликт со Русија. Поради својата позиција, островот има клучно значење за контролата на воздушниот и поморскиот простор во регионот.

Шведска неодамна ја заврши првата голема НАТО воена вежба на Готланд по влезот во Алијансата, во која учествувале околу 18.000 војници од 13 држави. Во рамки на сценаријата се симулирале можни напади и одбрана на Балтикот.

Воените експерти предупредуваат дека оној што го контролира Готланд има значајна предност во целиот Балтик, бидејќи од таму брзо може да се делува кон балтичките држави и да се контролираат клучни линии за снабдување.

По долг период на демилитаризација, Шведска повторно инвестира во воена инфраструктура на островот, обновува бази, распоредува тенкови и подготвува системи за противвоздушна одбрана. Плановите предвидуваат и дополнително зголемување на военото присуство во наредните години.

Истовремено, НАТО и Шведска изразуваат зголемена загриженост од можни хибридни закани, вклучувајќи саботажи, прекини на комуникации и кибер-напади, кои според аналитичарите може да бидат дел од поширока стратегија за дестабилизација на регионот.