ПРВ.мк
Црна Хроника

АВТОБУСОТ ИЗГОРЕЛ ЦЕЛОСНО: Меѓу жртвите и бебе, истрагата е во тек! - Ова се деталите

АВТОБУСОТ ИЗГОРЕЛ ЦЕЛОСНО: Меѓу жртвите и бебе, истрагата е во тек! - Ова се деталите

Најмалку 12 лица го загубија животот, меѓу кои и едно бебе, а 44 лица се повредени во две тешки сообраќајни несреќи што се случиле во Турција.

Најтрагичниот инцидент се случил на автопатот меѓу Денизли и Ајдин, кога автобус кој сообраќал на релација Измир–Анталија од засега неутврдени причини излетал од патот. По ударот во заштитната ограда, возилото се запалило и за кратко време било целосно зафатено од пламен.

Во несреќата загинале осум лица, меѓу кои и бебе, додека 33 патници биле повредени и пренесени во болница. Првичните информации од истрагата укажуваат дека возачот изгубил контрола над автобусот, а се разгледуваат можностите за технички дефект или човечка грешка.

Истовремено, во друг дел од Турција се случила уште една тешка сообраќајна несреќа во која животот го загубиле четири лица.

Надлежните служби спроведуваат истрага за да ги утврдат точните причини за двете трагедии, кои предизвикаа шок и тага низ целата земја.