ПРВ.мк
Свет

СМРТОНОСНИ РУСКИ НАПАДИ ВРЗ УКРАИНА: Погодени деловни објекти, има загинати и повредени

СМРТОНОСНИ РУСКИ НАПАДИ ВРЗ УКРАИНА: Погодени деловни објекти, има загинати и повредени

Најмалку четири лица загинаа, а 19 се повредени во руските напади врз две украински области, соопштија украинската полиција и регионалните власти, пренесува германската новинска агенција ДПА.

Во нападот врз деловен објект во градот Нижин, во Черниговската област, загинале три лица, додека седуммина се повредени.

Руските сили ја нападнале и Житомирската област, каде што, според регионалниот гувернер Виталиј Бунечко, едно лице загинало, а 12 се повредени.

Гувернерот соопшти дека во градот Малин бил погоден цивилен деловен објект.

Засега нема официјални информации за видот на оружјето употребено во нападите. Украинските воздухопловни сили во текот на петокот издавале повеќе предупредувања за опасност од напади со беспилотни летала во двете погодени области.

Нападите се случуваат во услови на продолжени воени дејства во Украина, која се соочува со руската инвазија од февруари 2022 година.

Најнови вести