ПРВ.мк
Црна Хроника

ШОКАНТЕН СЛУЧАЈ ВО СКОПСКИ АЕРОДРОМ! 15-годишно момче ја нападнало сопствената мајка - МВР ги откри деталите!

ШОКАНТЕН СЛУЧАЈ ВО СКОПСКИ АЕРОДРОМ! 15-годишно момче ја нападнало сопствената мајка - МВР ги откри деталите!

Петнаесетгодишно момче физички ја нападнало сопствената 43-годишна мајка во семејниот дом во скопската општина Аеродром. Случајот бил пријавен во полиција, по што малолетникот бил повикан на службен разговор.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 26 ноември 2026 година, во 18:45 часот, полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода извршиле службен разговор со 15-годишното момче.

Полицијата постапувала по претходна пријава дека малолетникот во домот на подрачјето на општина Аеродром физички ја нападнал својата мајка.

„По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава“, информираат од МВР.

Најнови вести