Рускиот претседател Владимир Путин доживеа мала непријатност за време на официјалната средба со султанот на Брунеј, Хасанал Болкија, во Москва.
При седнувањето на позлатената столица, Путин накратко изгубил рамнотежа и нагло се занишал наназад, при што нозете му се подигнале од подот.
Според британскиот „Експрес“, рускиот претседател делувал изненадено и видно незадоволно од неочекуваната ситуација.
Додека се обидувал да ја врати рамнотежата, камерите забележале и еден интересен детал – неговите чевли со подебел ѓон.
Според истиот медиум, снимката од непријатниот момент не била прикажана во главните информативни емисии на руската државна телевизија.
За разлика од Путин, 80-годишниот султан на Брунеј, кој е монарх со најдолг актуелен стаж на престолот во светот, седнал без никакви потешкотии.
Средбата се одржала во средата, со свечена државничка церемонија во салата „Свети Георгиј“ во Големата кремљовска палата.
По официјалното фотографирање и претставувањето на делегациите, двајцата лидери разговарале за унапредување на економските и политичките односи меѓу Русија и Брунеј.
Според медиумските извештаи, Путин му понудил на султанот и испорака на пловечки нуклеарни централи.









