Познатиот актер и пратеник Драган Гаги Јовановиќ привлече големо внимание на социјалните мрежи поради еден необичен момент во српското Собрание. Снимката од неговиот потег за кратко време се прошири на интернет и предизвика бројни реакции.
Додека во Собранието се одвивале бурни политички расправи, актерот успеал да го привлече вниманието на јавноста со нешто што не било поврзано со говорница или политички дискусии, туку со случка за време на паузата.
Јовановиќ, кој ја извршува функцијата народен пратеник од Студентската листа, бил снимен во момент кога им се приближил на пратениците од Српската напредна странка.
Им пришол од зад грб додека разговарале
Според објавената снимка, додека пратениците од владејачката партија разговарале меѓу себе за време на паузата, Јовановиќ им пришол со лежерен чекор и застанал веднаш зад нив.
Токму овој негов потег предизвика интерес кај корисниците на социјалните мрежи, особено на TikTok, каде што видеото почна масовно да се споделува.
Еден од коментарите под снимката гласи: „Но, Гаги Јовановиќ, кој за време на паузата ноншалантно им се прикраде на опозиционерите за да слушне што разговараат, не можам“.
Видеото за кратко време собра повеќе од 300.000 прегледи, речиси 30.000 допаѓања и над 11.000 споделувања.
Ова не е првпат Јовановиќ да привлече внимание поради случувањата во Собранието. Неодамна јавноста коментираше и каков мобилен телефон користи актерот додека ја извршува пратеничката функција.









