САД и Иран се на критична раскрсница, а стравовите од воен конфликт постојано растат. Додека преговорите за нуклеарната програма на Иран се во застој, двете страни се подготвуваат за конфликт – засилување на војската, економски санкции и дипломатските напади ескалираат. Напнатоста се зголеми по кампањата „максимален притисок“ на претседателот Доналд Трамп, која требаше да го одврати Техеран од развојот на нуклеарната програма. САД долго време ги гледаат иранските нуклеарни амбиции како безбедносна закана, пишува Newsweek.
Во 2018 година, Трамп се повлече од нуклеарниот договор од 2015 година (JCPOA), обвинувајќи го Иран за неисполнување на обврските. Иран ги зголеми своите нуклеарни активности, тврдејќи дека се за цивилни цели. Трамп, кој ветуваше мир на Блискиот Исток, беше наклонет на дипломатијата, но не ја исклучи можноста за воена акција. Иран го одби директниот дијалог под притисок, ветувајќи дека ќе се брани ако напнатоста достигне критична точка. Како што новите дипломатски напори пропаѓаат, ситуацијата станува се повеќе нестабилна.
Овој месец, иранскиот министер за надворешни работи предупреди дека Иран „брзо ќе одговори на секој напад“, откако Трамп се закани со „бомбардирање“ ако не се постигне договор за иднината на нуклеарната програма на Иран. Во март, Трамп испрати писмо до иранскиот врховен лидер, ајатолах Али Хамнеи, предлагајќи нови преговори. Иран рече дека ќе учествува само во индиректни преговори додека САД ги задржуваат воените закани.
Дипломатските односи меѓу САД и Иран се влошија по повлекувањето од JCPOA. Трамп му постави рок од два месеци на Иран за нов договор, но во исто време го зголеми военото присутност во Персискиот залив, распоредувајќи невидливи бомбардери B-2 и други воени сили. Иран рече дека е подготвен да се брани, а претседателот Масуд Пеџешкијан изјави дека вооружените сили се на највисоко ниво на подготвеност. Советникот на Хаменеи сугерираше дека Иран можеби нема друг избор освен да развие нуклеарно оружје ако биде нападнат.
Економските санкции остануваат клучни во конфликтот. САД повторно воведоа санкции на иранскиот извоз на нафта, банкарскиот сектор и одбранбената индустрија, со цел да ја ослабат економијата и да вршат притисок за почитување на обврските. Иран ги зголеми своите нуклеарни активности, вклучително и збогатувањето на ураниумот и развојот на проектили. Меѓународната агенција за атомска енергија проценува дека Иран е блиску до нуклеарна бомба.
Европските земји се загрижени поради брзото ширење на нуклеарната програма на Иран и отстранување од обврските од JCPOA. По убиството на генералот Касем Солејмани од страна на САД, Иран престана да ги почитува клучните ограничувања за збогатување ураниум.
САД одржуваат силни безбедносни партнерства со Израел и арапските земји на Заливот – Саудиска Арабија, ОАЕ, Катар и Бахреин. Неодамнешните напори за нормализирање на нивните односи со Израел делумно имаат за цел да го ограничат иранското влијание. САД исто така соработуваат со НАТО и меѓународни коалиции за притисок врз Иран, додека Техеран се поврзува со Русија и Кина за политичка, економска и воена поддршка поради западните санкции.