ПРВ.мк
Свет

Дубаи пред ризик од недостиг на свежи производи поради војната на Блискиот Исток! - Ова е следниот чекор

Дубаи пред ризик од недостиг на свежи производи поради војната на Блискиот Исток! - Ова е следниот чекор
Kristal

Ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток сериозно ги наруши глобалните логистички синџири, при што Дубаи би можел да остане без свежи производи за само 10 дена, предупредуваат експерти.

Поради затворањето на дел од воздушниот простор и воениот ризик во Персискиот залив, транспортот на храна нагло се намалил. Според Стефан Пол, извршен директор на логистичкиот гигант Kühne+Nagel, залихите на свеж зеленчук, овошје и млечни производи во Дубаи се доволни за само десетина дена, а прекините во морскиот и воздушниот транспорт дополнително ја влошуваат ситуацијата.

Дубаи е речиси целосно зависен од увоз – 80-90% од прехранбените производи се носат од странство, главно преку Европа, Африка и Азија. Иако дел од логистиката може теоретски да се компензира со копнен транспорт од соседна Саудиска Арабија, капацитетот на патните правци не може да замени обемот на воздушните и морските транспортни релации.

Властите во Дубаи веќе советуваат на жителите да ги чуваат сметките за купената храна како доказ за евентуални неправедни зголемувања на цените. Министерството за економија и туризам ги следи цените редовно и ги проверува сите потенцијални злоупотреби на трговците на мало.

И покрај загриженоста на населението, службениците уверуваат дека синџирот на снабдување останува стабилен, а локалните и меѓународните добавувачи продолжуваат да обезбедуваат доволно стоки за продавниците. Сепак, свежите производи се најризични и можат брзо да се исцрпат доколку ситуацијата се влоши.

Доколку конфликтот продолжи, Дубаи може да се соочи со реален ризик од недостиг на храна, што дополнително ќе го засили притисокот врз цените и снабдувањето со стоки со краток рок на траење.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo