На 7 март 2026 година, околу 07:27 часот, во близина на село Велмевци, општина Демир Хисар, патничко возило „мини купер“ со битолски регистарски ознаки излетало од патот, соопшти СВР Битола.
Возачот, 25-годишник од Битола, и сопатникот, 21-годишник, исто така од Битола, се здобиле со повреди и биле пренесени во Клиничка болница Битола за укажување лекарска помош.
При преземање службени дејствија, полицијата утврдила дека возачот управувал под дејство на алкохол – 1,66 промили во крвта. Извршен е увид, а случајот се обработува според законските прописи.

















