ПРВ.мк
Македонија

Македонските земјоделци во паника: над 100 милиони евра загрозени пред пролетната сеидба! - еве што се случува

Македонските земјоделци во паника: над 100 милиони евра загрозени пред пролетната сеидба! - еве што се случува
Kristal

Македонското земјоделство влегува во пролетната сеидба со финансиска криза која може да ја промени иднината на домашното производство. Според пресметките на земјоделски здруженија, заостанатите и тековни субвенции ја надминуваат границата од 100 милиони евра, оставувајќи производителите принудени да се задолжуваат и да „крпат“ од реколта во реколта само за да преживеат.

До крајот на 2025 година, заостанатиот долг кон земјоделците изнесувал околу 39 милиони евра, а само за субвенциите за тутун оваа година се очекуваат дополнителни 33 милиони евра. Потоа следуваат програми за градинарство, пчеларство и поддршка за преработени производи – што заедно создава финансиска „црна дупка“ што загрижува цел сектор.

Малите производители се најтешко погодени од новата програма за директни плаќања. Субвенциите за јачмен, пченка, сончоглед и тутун се намалуваат, а поддршката за крави паѓа речиси за третина. Земјоделците предупредуваат дека без навремена и стабилна поддршка, домашното производство е загрозено, а увозот „гуши“ пазарот. Особено алармантна е состојбата со пченицата – родот често останува непродаден бидејќи увозното брашно ја превзема домашната понуда.

Дополнителен проблем е горивото. Производителите се соочуваат со ограничувања при наточување и страв од поскапување на нафтата, што ја прави пролетната сеидба најризичниот период од годината. Земјоделците бараат враќање на „зелена нафта“ како предуслов за опстанок, но и системски промени: субвенциите да се исплаќаат навреме, програмите да не ги исклучуваат малите, а домашната храна да не се третира како „остаток“ по увозот.

Ако оваа криза не се реши во наредните недели, предупредуваат производителите, последиците нема да бидат само заостанати пари, туку намалено производство, повисоки цени и поголема зависност од увоз – токму во период кога глобалните шокови на пазарот на храна ги прават цените непредвидливи.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo