Израелската војска (ИДФ) синоќа спроведе голем бран воздушни напади врз Техеран и централниот дел на Иран, насочени кон клучни воени цели. Меѓу нив биле подземна фабрика за балистички ракети, воена академија и други објекти на Иранската револуционерна гарда (ИРГК).
Според соопштението на ИДФ, над 80 борбени авиони фрлиле 230 бомби врз целите, вклучувајќи и подземни објекти за складирање и производство на ракети, како и бункери и штаби за управување на војската.
Дополнително, погодени биле и објекти за складирање ракети, инфраструктура за лансирање, како и Универзитетот Имам Хосеин, кој служи и како воена академија за ИРГК, вклучително и за оперативни состаноци за време на војна.
ИДФ соопшти дека операцијата е дел од засилување на нападите врз иранските објекти за оружје низ целата земја, со цел уништување на капацитетите за производство на ракети и лансери.
Ова ја означува новата ескалација во конфликтот на Блискиот Исток, каде војната сега се проширува и на стратешките воени инсталации на Иран.

















