Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан направи неочекуван чекор, упатувајќи извинување до соседните земји по повеќедневните напади со дронови и ракети, кои следеа по почетокот на американско-израелската воена офанзива.
„Потребно е да им се извиним на оние што беа погодени без причина. Нема да извршуваме инвазија врз соседите“, рече Пезешкијан во видео порака, нагласувајќи дека тричлениот лидерски совет наредил на вооружените сили отсега да реагираат само ако соседите први нападнат.
Тој повика на регионална соработка и дипломатија, повикувајќи ги земјите во регионот да не се дозволат да станат „марионети на империјализмот“. „Поддршката на Израел или САД не е пат кон чест и слобода“, додаде Пезешкијан, јасно отфрлајќи повикот на Доналд Трамп за безусловно предавање. „Барањето на САД е сон што можат да го однесат во гроб“, истакна тој.
Моментално, и покрај изјавата, ситуацијата останува тензиозна. Веднаш по објавата, Катар соопшти дека пресретнал ракетен напад од Иран, а мети на иранските одмазднички акции беа и Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Бахреин, Кувајт и Ирак.
Оваа изјава на Пезешкијан ја отвора прашањето дали Иран навистина е подготвен за дипломатски чекор или станува збор за стратегиско смирување додека конфликтот продолжува да се одвива во регионот.


















