ПРВ.мк
Свет

ДРАМА НА АЕРОДРОМОТ: Два авиони слетаа со пукнати гуми во ист ден - пистата итно затворена!

ДРАМА НА АЕРОДРОМОТ: Два авиони слетаа со пукнати гуми во ист ден - пистата итно затворена!

На авион на компанијата „Американ ерлајнс“ (American Airlines) му пукнале две гуми при слетувањето на меѓународниот аеродром „О'Хер“ во Чикаго, соопшти денеска Федералната управа за воздухопловство (FAA).

Компанијата наведе дека нема повредени откако летот 386 имал проблем со гумите непосредно по безбедното слетување, пренесе АБЦ (ABC). Патниците го напуштиле авионот преку скали на пистата за рулирање, а потоа со автобуси биле пренесени до терминалoт.

Авионот „Боинг 737-800“, кој претходно полетал од њујоршкиот аеродром „Ла Гвардија“, е повлечен од сообраќај за преглед. FAA соопшти дека ќе спроведе истрага.

Истиот ден се случи сличен инцидент на аеродромот „О'Хер“, кога авион на компанијата „Јунајтед ерлајнс“ (United Airlines) слета со пукнати гуми. Пистата беше привремено затворена поради остатоци на тлото, додека неколку летови мораа да бидат пренасочени. Ниту во овој инцидент немало повредени.

Патниците, исто како и во случајот со авионот на „Американ ерлајнс“, излегоа на пистата за рулирање со помош на скали и со автобуси беа пренесени до терминалoт. Овие инциденти се случија само неколку дена откако уште еден авион на „Јунајтед ерлајнс“ го прекина полетувањето на аеродромот „О'Хер“ поради пукање на гума.