Градскиот плоштад во Кавадарци е целосно подготвен да ги пречека љубителите на кошарката, добрата енергија и дружбата. Во тек се последните подготовки, тренинзи и усогласување на финалните детали пред официјалниот почеток на овогодинешното издание на спортскиот турнир Street Basket.
Посетителите може да очекуваат одлична атмосфера, атрактивни потези, напрегнати натпревари и незаборавни спортски моменти под отворено небо.
Детали за настанот:
- Локација: Градски плоштад, Кавадарци
- Датум: 18 и 19 август
- Почеток: 20:00 часот
Организаторите ги покануваат сите кавадарчани и љубители на спортот од регионот да дојдат во што поголем број и да дадат поддршка за екипите.





