Градежната група на ЈП „Комуналец“ од Кавадарци ги продолжува интензивните активности на терен за санација и подобрување на локалната патна инфраструктура.
Во моментов се вршат градежни работи за асфалтирање на прокопите на улицата „Смилица“, со што директно се санираат оштетените делови од коловозот. Со оваа интервенција значително се подобруваат условите за возење и се подигнува нивото на безбедност за сите учесници во сообраќајот.
Од јавното претпријатие истакнуваат дека преку континуирано одржување и навремена санација на оштетувањата, продолжуваат посветено да се грижат за обезбедување уредна, функционална и безбедна сообраќајна мрежа низ целата општина.





