ПРВ.мк
Свет

Тајната сила на Иран – нови проценки ја менуваат играта!

Тајната сила на Иран – нови проценки ја менуваат играта!

И покрај неколкунеделните американски и израелски напади, Иран и натаму располага со значајни балистички ракетни капацитети и способност да издржи економски притисок најмалку три до четири месеци, покажува анализа на американското разузнавање доставена до Белата куќа, до која увид имал „Вашингтон пост“.

Според американски функционер, новите проценки укажуваат дека отпорноста на Иран е значително поголема отколку што претходно проценувала ЦИА.

Во документот се наведува дека Техеран сè уште има околу 75% од мобилните системи за лансирање и околу 70% од ракетниот арсенал што го поседувал пред почетокот на конфликтот. Дополнително, иранските сили успеале повторно да отворат најголем дел од подземните складишта, да поправат оштетени ракети и да состават нови проектили кои биле во завршна фаза на производство.

Извештајот нагласува и дека иранското раководство станало порадикално и порешително, со зголемена доверба дека може да се спротивстави на политичкиот притисок од САД.

Овие проценки ја менуваат сликата за текот на конфликтот и отвораат прашања за тоа колку долго може да трае економскиот и воениот отпор на Техеран.