ПРВ.мк
Свет

ДЕНЕСКА Е ТОЈ ДЕН: Датум од кој стравува целиот свет - ќе дознаеме дали ни се заканува нова пандемија!

ДЕНЕСКА Е ТОЈ ДЕН: Датум од кој стравува целиот свет - ќе дознаеме дали ни се заканува нова пандемија!

Денешниот ден, 19 мај, би можел да биде критичен датум во избувнувањето на епидемијата на хантавирус.

„Крајот на светот“ бил почетна точка на епидемијата?!

Смртоносен вирус пустоши на сите страни, на сила е опсадна состојба: Што се крие зад 10.000 километри страв?

ДРЖАВЈАНКА НА ЦРНА ГОРА ОД КРУЗЕРОТ НА СМРТТА СМЕСТЕНА ВО КАРАНТИН! Итно се огласи министерството: Забрането ѝ е да го напушта сместувањето.

Луксузниот крузер „Хондиус“, кој пловел под холандско знаме, превезувал околу 150 патници и членови на екипажот од 23 земји кога дошло до избувнување на епидемијата на хантавирус. Три лица – постар брачен пар од Холандија и еден германски државјанин – починаа од почетокот на заразата на бродот. СЗО подоцна потврди 10 случаи на инфекција со хантавирус.

Крузерот во меѓувреме пристигна во Ротердам, а патниците и поголемиот дел од екипажот претходно го напуштија бродот. Тие, како и луѓето кои биле во контакт со нив, се ставени во карантин во неколку земји ширум светот.

„Случаи од втора и трета генерација“

Поради долгиот период на инкубација, невозможно е да се знае дали патниците кои го напуштиле бродот уште на 24 април ја пренеле болеста.

Американскиот научник д-р Стивен Квеј пресметал дека на сите случаи од втората генерација – односно на луѓето кои развиле симптоми по контактот со „нултиот пациент“, кој е идентификуван како 70-годишниот Лео Шилперорд – во просек им биле потребни 22 дена за да се разболат, пренесува британски „Телеграф“.

Квеј проценил дека случаите од третата генерација – луѓе кои би се заразиле од патниците од крузерот – би можеле да почнат да се појавуваат околу 19 мај, доколку се потврди истиот инкубациски период од приближно три недели.

Изјава на д-р Квеј:

„Сега имаме 10 случаи на хантавирус, еден очигледен нулти пациент и девет случаи на втора генерација на пренос од човек на човек. Важен датум што треба да се следи е 19 мај. Ако случаите продолжат да се појавуваат и по тој датум, веројатно ќе се работи за пренос од втора во трета генерација.“

„Веројатно биле во контакт со стотици луѓе“

Околу 30 патници го напуштиле крузерот на островот Света Елена пред да биде откриено избувнувањето на заразата. Меѓу нив била и Мирјам Шилперорд (69), сопруга на нултиот пациент Лео Шилперорд, како и еден швајцарски патник кој во моментов е во болница поради вирусот.

Мирјам се чуствувала толку лошо кога пристигнала во Јужна Африка, што авиокомпанијата КЛМ (KLM) одбила да ја качи на летот, а подоцна таа починала од вирусот. Во еден момент се сомневало дека една стјуардеса се заразила од неа, но подоцна било потврдено дека не е инфицирана. Исто така, постои сомнение дека е заразен и еден британски државјанин кој го напуштил крузерот на островот Тристан да Куња во јужниот дел на Атлантикот.

Сите 30 патници го напуштиле бродот пред да стане јасно дека можеби се носители на смртоносната болест, а во текот на последните две недели веројатно биле во контакт со стотици луѓе.

„Андскиот сој можеби се пренесува преку воздух“

Како што пишува британски „Телеграф“, сега е речиси целосно потврдено дека вирусот може да се пренесува од човек на човек преку телесни течности кои можат да содржат инфективни честички. Експертите тврдат дека ризикот за пошироката јавност е мал, бидејќи вирусот се пренесува само преку близок контакт.

Меѓутоа, постојат загрижувачки знаци дека андскиот сој би можел да биде позаразен отколку што се сметаше претходно. Професорот Џозеф Ален од Харвард изјави дека бил во контакт со лекар од „Хондиус“, кој изразил загриженост бидејќи некои од заразените наводно немале близок контакт со нултиот пациент. Тие наводно само се разминувале во трпезариите или во другите простории.

Ако ова е точно, тоа би можело да значи дека андскиот сој можеби се пренесува и преку воздух, пишува „Телеграф“.

Ниво на преносливост споредливо со омикрон

Еден француски и еден американски државјанин кои биле евакуирани од крузерот биле тестирани позитивно на вирусот оваа недела, со што вкупниот број на сомничави случаи порасна на десет.

Ако сите се заразиле од нултиот пациент, тогаш стапката на репродукција на вирусот – односно бројот на луѓе кои едно лице ги заразува – е девет. Тоа е ниво споредливо со омикрон сојот на коронавурусот, иако затворениот простор на бродот веројатно значително го зголемил преносот во споредба со она што би се очекувало во отворена средина.

Сепак, ова значи дека андскиот сој можеби полесно се пренесува меѓу луѓето отколку што првично се мислело, па секој кој бил во контакт со патниците од крузерот „Хондиус“ би можел да биде во ризик.

Крај на епидемијата на 21 јуни?

Ако денешниот ден, 19 мај, и наредните денови поминат без инфекции од трета генерација, следниот важен датум ќе биде 21 јуни. Тогаш ќе истече периодот на инкубација и повеќе нема да постои можност некој дополнително да се зарази од првобитното жариште, наведува британски „Телеграф“. Дури ако до тој датум нема нови случаи, епидемијата ќе се смета за завршена.