ПРВ.мк
Свет

Трагична ноќ во Украина: Нов бран воздушни напади со смртни последици - ова е бројот на загинати!

Трагична ноќ во Украина: Нов бран воздушни напади со смртни последици - ова е бројот на загинати!

Руската армија извршила масовен воздушен напад врз Украина, при што, според украинските власти, биле истрелани над 660 ракети и дронови низ повеќе региони на земјата.

Најголемиот број напади биле насочени кон регионот Днепропетровск, каде една ракета погодила станбена зграда и предизвикала уривање на дел од објектот. Според локалните власти, од урнатините биле извлечени неколку жртви, а спасувачките екипи биле повторно нападнати додека работеле на терен.

Во нападите врз јужниот регион Одеса, руски беспилотни летала оштетиле станбени објекти, возила и пристанишна инфраструктура, а биле пријавени и повредени лица.

Украинските власти наведуваат дека во текот на истата ноќ има и цивилни жртви и ранети, додека ситуацијата во погодените региони останува тензична и се проценуваат целосните штети од нападите.