ПРВ.мк
Свет

Данска ја засилува арктичката одбрана: Овој генерал лично заминува во Гренланд!

Данска ја засилува арктичката одбрана: Овој генерал лично заминува во Гренланд!
Kristal

Данска донесе одлука за дополнително воено присуство во Гренланд, испраќајќи нов контингент војници во арктичката област Кангерлусуак, потврдија воени извори. Распоредувањето треба да започне во текот на вечерта, а со трупите ќе патува и самиот началник на Генералштабот на данската армија, генерал-мајор Петер Бојсен – потег што привлекува особено внимание.

Кангерлусуак се наоѓа на југозападниот дел од островот, внатре во Арктичкиот круг, и претставува стратешки важна точка за надзор и логистика. Според данските власти, станува збор за рутинска активност поврзана со безбедноста и присуството во регионот.

Началникот на Арктичката воена команда, генерал-мајор Сорен Андерсен, изјави дека во моментов во Гренланд се распоредени повеќе од 200 дански војници. Околу половина од нив се наоѓаат во главниот град Нуук, додека останатите се стационирани во Кангерлусуак. Во меѓувреме, воздухопловните сили продолжуваат со редовни патроли долж источниот брег на островот.

Андерсен апелираше за смиреност кај јавноста, нагласувајќи дека нема никакви индиции за воена закана кон Гренланд. Тој потврди и присуство на француски специјални сили, кои во Кангерлусуак спроведуваат заеднички обуки со данската армија, како и воздушна поддршка од француски авион за полнење гориво.

„Нема причина за загриженост. Ситуацијата е стабилна“, порача Андерсен, повикувајќи ги граѓаните да продолжат со секојдневниот живот и да уживаат во поволните временски услови во Нуук.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo