ПРВ.мк
Свет

Трамп откри шокантна порака од Иран: „Ќе добиете нешто што никој не го очекува“

Трамп откри шокантна порака од Иран: „Ќе добиете нешто што никој не го очекува“

Американскиот претседател Доналд Трамп излезе со изјава што веднаш ја раздвижи јавноста, тврдејќи дека има јасна уверeност оти Иран ќе се повлече од контроверзните нуклеарни активности – и покрај тоа што разговорите меѓу двете земји не напредуваат.

Во интервју за американска радио емисија, Трамп самоуверено изјави дека Техеран на крај ќе се откаже од збогатувањето ураниум и од можноста за развој на нуклеарно оружје. Според него, тоа е исход кој е „сто проценти сигурен“.

Тој откри и дека лично учествува во комуникацијата со иранските претставници, при што пренесе необична порака што, како што вели, ја добил од нив. Наместо класични дипломатски формулации, Трамп употреби термин што го нарече „нуклеарен прав“, алудирајќи на нешто што, според него, ќе биде резултат од тие разговори.

Иако ваквата изјава отвора многу прашања, претседателот потенцираше дека САД немаат намера да брзаат со договор. Напротив, како што рече, моментално има силен притисок врз Иран, што им дава простор на Американците да чекаат поволен исход.

Ситуацијата останува неизвесна, а ваквите изјави само дополнително ја зголемуваат тензијата околу еден од најчувствителните глобални проблеми.