ПРВ.мк
Свет

Зеленски жестоко до Путин: Со ова покажуваш дека не сакаш мир!

Зеленски жестоко до Путин: Со ова покажуваш дека не сакаш мир!

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека одбивањето на рускиот претседател Владимир Путин да одржи директна средба претставува јасен избор за продолжување на војната.

„За жал, руската страна повторно избира војна. Едноставно не сака да ја заврши војната“, порача Зеленски, реагирајќи на ставот на Кремљ во врска со неговиот предлог за директни разговори.

Украинскиот претседател претходно предложи лична средба со Путин со цел да се разговара за можностите за завршување на воениот конфликт и постигнување мировно решение.

Од друга страна, рускиот претседател денеска изјави дека таква средба во овој момент нема смисла, посочувајќи дека директни разговори меѓу лидерите можат да се одржат дури откако ќе биде подготвен и усогласен мировен договор.

Размената на ставови доаѓа во време кога меѓународната заедница продолжува да повикува на дипломатско решение и прекин на непријателствата меѓу двете земји.