ПРВ.мк
Свет

ТРОЈЦАТА НАЈМОЌНИ ЛИДЕРИ НА ЕДНА МАСА: Што ќе договараат Трамп, Путин и Си Џинпинг?

ТРОЈЦАТА НАЈМОЌНИ ЛИДЕРИ НА ЕДНА МАСА: Што ќе договараат Трамп, Путин и Си Џинпинг?

Претседателите на САД, Русија и Кина – Доналд Трамп, Владимир Путин и Си Џинпинг – в четврток, 19 ноември, ќе одржат историски трилатерален самит во кинескиот град Шенжен.

Информацијата официјално ја потврди кинеското Министерство за надворешни работи, а средбата претходно беше најавена и од Белата куќа и Кремљ.

Ова ќе биде прва заедничка средба на тројцата лидери, кои ќе разговараат за прашања од глобално безбедносно значење.

Самитот ќе се одржи на маргините на состанокот на лидерите на Азиско-пацифичката економска соработка (АПЕК), закажан за 18 и 19 ноември.

Според американските претставници, една од главните теми ќе биде намалувањето на нуклеарното оружје во светот.

Трамп сака да отвори разговори за нов меѓународен договор за контрола на нуклеарните арсенали, кој би ги вклучил САД, Русија и Кина.

На агендата се очекува да се најде и војната со Иран, која започна кон крајот на февруари по американско-израелските напади.

Интересно е што, според американските функционери, војната во Украина не е предвидена како тема на трилатералните разговори.

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер изјави дека кинескиот лидер Си Џинпинг претходно нагласил дека за иднината на Украина и европската безбедност не може да се преговара без присуство на европските држави.

Кога станува збор за нуклеарното разоружување, Кина со години инсистира САД и Русија најпрво да ги намалат сопствените нуклеарни арсенали, пред Пекинг да се согласи на слични обврски.

Кинеското Министерство за надворешни работи соопшти дека средбата има големо значење за меѓународната стабилност и соработката меѓу трите држави.

Засега не е познато дали на самитот ќе биде постигнат конкретен договор, но средбата се смета за важен дипломатски настан во период на сериозни меѓународни тензии.