ПРВ.мк
Свет

(ВИДЕО) Американската морнарица удира жестоко: Запленет танкер близу Тринидад, петта акција за неколку недели

(ВИДЕО) Американската морнарица удира жестоко: Запленет танкер близу Тринидад, петта акција за неколку недели
Kristal

Американската морнарица денеска заплени танкер во Карипското Море, во близина на брегот на Тринидад, што претставува петта ваква акција на САД во изминатите неколку недели.

Станува збор за танкерот „Олина“, кој претходно испловил од Венецуела, а потоа повторно се вратил во карипскиот регион, каде што бил пресретнат од американските воени бродови. Според официјалните информации, бродот пловел под лажно знаме на Источен Тимор, што дополнително ги засили сомнежите за прекршување на меѓународните санкции.

Оваа интервенција доаѓа само два дена откако американската морнарица заплени уште еден танкер, овојпат под руско знаме, кој исто така бил поврзан со Венецуела.

По соборувањето и апсењето на венецуелскиот претседател Николас Мадуро, Вашингтон значително ја засили контролата врз поморскиот сообраќај во регионот. Американските власти соопштија дека нема да дозволат бродови и танкери под санкции да влегуваат или да ги напуштаат територијалните води на јужноамериканските држави-членки на ОПЕК.

Во меѓувреме, руската новинска агенција Тасс објави дека САД ослободиле двајца руски државјани, членови на екипажот на танкерот под руско знаме што беше запленет оваа недела во Северниот Атлантик. Информацијата ја потврди и Министерството за надворешни работи на Руската Федерација.

Американските власти најавуваат дека ваквите поморски операции ќе продолжат сè додека, како што велат, целосно не се спроведат санкциите и не се спречат нелегалните извозни канали поврзани со поранешниот венецуелски режим.


Видео:

FixCredit
Escape