Во Германија е активирано итно предупредување: од полици се повлекуваат одредени серии на чоколадата „Милка“ поради пронајдена пластика во производот. Производителот „Mondelēz International“ соопшти дека одлуката е донесена како мерка на претпазливост, откако во дел од производствените серии биле забележани туѓи пластични честички.
Од компанијата нагласуваат дека безбедноста на потрошувачите им е приоритет и затоа се повлекуваат конкретни серии од Milka karamel 100g (EAN: 7622210349675), со точно означени датуми на употреба и кодови кои се наведени на пакувањето.
Според производителот, пластичните фрагменти може да бидат видливи со голо око, поради што се апелира до потрошувачите кои го купиле производот да не го консумираат, доколку нивната чоколада се совпаѓа со проблематичната серија.
„Ова повлекување важи исклучиво за наведените серии. Сите други Milka производи и производи на Mondelēz International се безбедни и непроменети,“ посочуваат од компанијата.
















