ПРВ.мк
Македонија

Голема промена: Новиот минимум за К-15 е највисок досега – проверете дали ви следува

Голема промена: Новиот минимум за К-15 е највисок досега – проверете дали ви следува
Kristal

Минималниот износ на К-15 за 2025 година значително се зголеми, а работниците треба да го добијат на своите сметки најдоцна до 31 декември. Годинава, законскиот минимум за регрес за годишен одмор изнесува 18.141 денар за сите вработени во приватниот сектор, бидејќи К-15 се пресметува како 40% од просечната плата.

Во јавниот сектор, каде важат поинакви критериуми, минималната сума е пониска – 12.372 денари, што е околу 6.000 денари помалку во споредба со приватните компании.

Законската обврска е јасна: секој работник кој има најмалку шест месеци работен стаж кај ист работодавач оваа година мора да го добие регресот. Работодавците можат да исплатат и поголем износ, но не смеат да исплатат помалку од утврдениот минимум.

Доколку некој работник не го добие задолжителниот К-15, може да поднесе пријава до Синдикатот или Државниот инспекторат за труд.

К-15 се исплатува еднаш годишно и претставува право на секој вработен во приватниот сектор – обврска од која работодавачите не можат да се изземат.

Escape