ПРВ.мк

Борис Џонсон стана татко по деветти пат

Борис Џонсон стана татко по деветти пат
Vero

Поранешниот премиер на Обединетото Кралство Борис Џонсон (60) добил дете со сопругата Кери (37).

Кери на Инстаграм ја сподели веста за раѓањето на нејзината ќерка, која го доби името Попи Елиза Џозефин Џонсон. Девојчето е родено на 21 мај.

„Не можам да поверувам колку си убава и минијатурна. Се чувствувам неверојатна среќа. Сите сме тотално заљубени. Не сум сигурна дали спиев ни минута откако си родена, бидејќи не можам да престанам да гледам колку си прекрасна“, напишала таа.

Двојката веќе има три деца.

„Вилф, Роми и Френк се исклучително воодушевени, особено Роми која очајно сакаше сестра“, напиша сопругата на Џонсон во објавата.

„Животот не може да биде подобар“, додаде таа.

Двојката се венча во мај 2021 година. Нивниот најстар син Вилф е роден во април 2020 година, Роми во декември 2021 година и Френк во јули 2023 година.

Нивната ќерка Попи, за која Кери рече дека е „последниот член на бандата“, е деветтото дете на Борис Џонсон. Со поранешната сопруга Марина Вилер има четири деца, а за време на аферата со уметничкиот консултант Хелен Мекинтајр доби дете во 2009 година.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран