Коментаторот на грчката национална телевизија информира дека раководството на АЕК бара одложување на натпреварот со Алкалоид, поради неприсуството на невините навивачи во СЦ „Борис Трајковски“ – јави дописничката на МИА од Грција.
Ракометарите на АЕК одбиваат да го почнат натпреварот со Алкалоид додека нивните навивачи не дојдат во салата. На официјалното претставување пред реваншот од ЕХФ Европскиот куп, играчите на грчкиот тим беа до теренот, но не истрчаа, бидејќи ги нема нивните најавени 200 навивачи.
Според информациите во грчките медиуми, на македонско-грчката граница биле пуштени само 200 навивачи, а исто толку биле вратен назад.
Во салата има место обезбедено за Грците.
Од АЕК во текот на денот преку соопштение ги информираа нивните навивачи дека „по утрински безбедносен состанок и покрај упорноста и титанскиот напор на клубот да обезбеди што е можно повеќе билети за натпреварот, локалните власти на земјата донесоа непопустлива одлука дефинитивно да доделат 200 билети.
Спортскиот портал „Еноси“, што е специјализиран за вести поврзани со екипите на АЕК во сите спортови, нешто помалку од еден час пред натпреварот, објави дека неколку автобуси со навивачи на АЕК се задржани на граничниот премин и не им е дозволен влез и дека „раководството на АЕК, на состанок со ЕХФ, јасно стави до знаење дека тимот нема да излезе на терен, ако на навивачите не им биде дозволено да ја преминат границата.
Натпреварот требаше да почне во 20.30 часот и веќе доцни половина час.
На првиот меч пред седум дена во Атина, Алкалоид победи со 29-25.