ПРВ.мк

Овој уред никогаш не го вклучувајте во продолжен кабел

Овој уред никогаш не го вклучувајте во продолжен кабел
Vero

ВНИМАНИЕ: Овој уред никогаш не го вклучувајте во продолжен кабел

Иако грејната сезона е завршена, ниските температури и понатаму знаат да изненадат, поради што граѓаните често дополнително ги загреваат просториите во своите домови.

Покрај клима-уредите, чест избор за дополнително загревање се електричните греалки, но нивната употреба бара особено внимание.

Противпожарните служби предупредуваат дека продолжните кабли не смеат да се преоптоваруваат – нешто што многумина често го прават. Не секој продолжен кабел може безбедно да поднесе повеќе уреди истовремено, особено ако се работи за уреди со висока потрошувачка на електрична енергија.

Посебно внимание се препорачува при користење на греалки. Повеќето производители на вакви уреди советуваат тие да се приклучуваат директно во ѕиден приклучок, а не во продолжен кабел.

Истражувањата покажуваат дека најголем број пожари предизвикани од греалки се случиле токму поради нивно неправилно користење – најчесто преку продолжен кабел.

Превентивни мерки за поголема безбедност:

Редовно проверувајте го продолжниот кабел и сите приклучоци. Заменете ги веднаш доколку забележите оштетување.

Избегнувајте приклучување на греалки и други големи потрошувачи во истиот кабел (на пр., фрижидер, замрзнувач, шпорет).

Не оставајте лаптопи и полначи вклучени со денови, особено не во продолжен кабел, бидејќи може да се прегреат.

Не користете оштетени штекери или приклучоци – секое оштетување претставува потенцијална опасност.

Користете продолжен кабел со соодветна должина – предолг или прекраток кабел може да предизвика прегревање поради зголемено оптоварување.

Држете ги каблите подалеку од директна сончева светлина и извори на топлина, како шпорет или радијатор.

Правилната употреба на електричните уреди и кабли не само што ја зголемува безбедноста, туку и ја намалува можноста од сериозни несреќи и пожари.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран