ПРВ.мк

Мечот меѓу Алкалоид и АЕК нема да се игра, гостите не сакаа да излезат на теренот

Мечот меѓу Алкалоид и АЕК нема да се игра, гостите не сакаа да излезат на теренот
Vero

Натпреварот меѓу Алкалоид и АЕК кој требаше да биде спектакл, нема да се одигра поради тоа што гостинските ракометари не сакаат да излезат на теренот бидејќи нивните навивачи си заминале кон Атина.

Фановите на АЕК на час и половина пред почетокот на мечот сакале да влезат во салата и тоа во поголема бројка од дозволената, но не им било овозможено.

Поради тоа си тргнале кон Атина и им се заканиле на своите ракометари да не го играат натпреварот без нивно присуство.

ЕХФ се обиде да го убеди АЕК да игра, но не успеа во тоа, грчкиот тим остана на својот став да не излезе на теренот.

Дополнително ќе биде однесена одлука дали мечот ќе биде одложен или Алкалоид ќе биде прогласен за шампион.

Во меѓувреме салата „Борис Трјаковски“ се празни, навивачите кои дојдоа да видат натпревар, немаа среќа да присуствуваат на ракометен спектакл.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран