ПРВ.мк

Страшни сцени во Пакистан: Најмалку 14 загинати и над 100 повредени во силно невреме

Страшни сцени во Пакистан: Најмалку 14 загинати и над 100 повредени во силно невреме
Vero

Најмалку 14 загинати и над 100 повредени во силно невреме во Пакистан

Најмалку 14 лица го загубија животот, а повеќе од 100 се повредени во силно невреме што го зафати централниот и северниот дел на Пакистан, предизвикано од екстремно високи температури, соопштија денеска локалните власти.

Силни ветрови проследени со грмотевици и дожд го погодија регионот Источен Пенџаб, северозападната провинција Кајбер Пахтунхва, како и главниот град Исламабад. Невремето уриваше електрични столбови, корнеше дрвја и предизвика значителна материјална штета.

Најголемиот број на жртви загинале под урнатини од згради, додека две лица починале од повреди нанесени од соларни панели што ги носел силниот ветер. Во посебен инцидент, еден маж загинал, а три лица се повредени од удар на гром.

Според портпаролот на Службата за управување со катастрофи во провинцијата Пенџаб, невремето е предизвикано од рекордно високи температури кои надминале 45 степени Целзиусови. Во некои делови од Пенџаб, температурите во април достигнале дури 46,5 степени.

Поради опасноста од топлотниот бран, властите во провинциите Пенџаб и Балучистан најавија предвремено започнување на летниот училишен распуст.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран