Неизесно е кога и дали ќе почне реванш финалниот натпревар меѓу Алкалоид и АЕК, ракометарите на гостинскиот тим не сакаат да излезат на теренот додека не дојдат нивните навивачи.
Мечот меѓу Алкалоид и АЕК кој требаше да биде спектакл, засега не е почнат. Стартот требаше да се случи во 20:30 часот, но ракометарите на грчкиот тим не се појавуваат.
Навивачите на АЕК уште ги нема на трибините и тоа е причината за неизлегувањето на нивните ракометари.
Ако се појават фановите на АЕК натпреварот ќе почне, во спротивно ракометарите на грчкиот тим нема да играат.