ПРВ.мк
Свет

Бил Гејтс откри кои работни места нема лесно да ги „избрише“ вештачката интелигенција

Бил Гејтс откри кои работни места нема лесно да ги „избрише“ вештачката интелигенција
Kristal

Бил Гејтс смета дека и покрај брзиот развој на вештачката интелигенција, постојат три професионални области кои нема така лесно да бидат заменети. Според него, иднината на пазарот на трудот нема целосно да им припадне на машините, бидејќи некои сектори и натаму ќе зависат од човечкото знаење, креативност и одговорност.

Меѓу професиите што, според Гејтс, ќе останат особено важни се програмерите. Иако вештачката интелигенција веќе може да генерира код, таа сè уште нема доволна прецизност за да создава и одржува сложени софтверски системи без човечка интервенција. Токму затоа, луѓето што ја развиваат и подобруваат оваа технологија ќе останат неопходни.

Безбедни, според него, се и професиите поврзани со медицинските истражувања и науката. Вештачката интелигенција може да анализира податоци и да помогне во дијагностика, но не може самостојно да дојде до нови научни идеи, хипотези и револуционерни откритија. Затоа, улогата на научниците, биолозите и медицинските експерти ќе остане клучна.

Третата област што Гејтс ја издвојува е енергетскиот сектор. Според него, оваа индустрија е премногу сложена за целосно да се препушти на автоматизација. Без разлика дали станува збор за нафта, нуклеарна енергија или обновливи извори, човечката проценка ќе биде неопходна, особено во стратешки одлуки и кризни ситуации.

Сепак, Гејтс признава дека развојот на вештачката интелигенција може да донесе и неочекувани промени, па влијанието врз пазарот на трудот допрва ќе се покажува.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo