ПРВ.мк
Свет

„БИДЕТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАПАД“ – Русија започна удар врз Украина, еве со кое оружје ќе се одмаздат!

„БИДЕТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАПАД“ – Русија започна удар врз Украина, еве со кое оружје ќе се одмаздат!

Руските стратешки бомбардери Ту-22М3 лансирале крстосувачки ракети од типот Х-22 и Х-32 кон цели во Украина, јавуваат украински воени извори.

Пред нападот, мониторинг-каналите и воените аналитичари предупредија на можност за масовен воздушен удар. Украинските извори посочиле дека нападот бил насочен кон стратешки и логистички важни подрачја, со посебен фокус на Одеса и регионот околу градот.

„Одеса, бидете подготвени за напад“, било објавено од украински извори непосредно пред активирањето на сирените за воздушна опасност.

Според првичните проценки на украинските мониторинг-системи, Русија планирала употреба на околу осум ракети Х-22/Х-32 истрелани од бомбардери Ту-22М3.

Засега нема официјални информации за причинета штета или евентуални жртви од нападот. Руските и украинските власти често објавуваат различни податоци за резултатите од воздушните напади, па деталите се очекуваат по дополнителни извештаи.

Најнови вести