ПРВ.мк
Свет

Техеран молчи – одговорот уште во сенка!

Техеран молчи – одговорот уште во сенка!

Иран сè уште не донел конечна одлука за американскиот предлог за прекин на конфликтот. Портпаролот на Министерството за надворешни работи, Есмаил Багеи, изјави дека Техеран внимателно ги разгледува пораките што се пренесуваат преку Пакистан и дека засега нема официјален одговор до Вашингтон.

„Сè уште ги анализираме пораките,“ нагласи Багеи, додавајќи дека процесот е во тек и дека иранската дипломатија не брза со заклучоци.

Според претходни информации на регионален извор за CNN, се очекуваше Иран денес да го достави својот одговор до медијаторите. Извори запознаени со преговорите велат дека двете страни се приближуваат кон можен договор, но неизвесноста останува.

Оваа тишина од Техеран создава дополнителна мистерија околу иднината на преговорите. Дали Иран ќе прифати компромис или ќе продолжи со тврдата линија? За сега, одговорот останува во сенка, а меѓународната заедница внимателно го следи секој сигнал од регионот.