ПРВ.мк
Свет

Зеленски со силна порака: Ако Киев остане без струја, Москва ќе потоне во мрак

Зеленски со силна порака: Ако Киев остане без струја, Москва ќе потоне во мрак

Украинскиот претседател Володимир Зеленски на прес-конференција изјави дека реториката на цивилизираните земји кон Русија мора да биде исто толку остра како и заканите што доаѓаат од Москва. Тој порача дека доколку Русија се закани со блокада или прекин на струја во Киев, Кремљ мора да очекува идентичен одговор.

„Не треба да бидеме претерано претпазливи во реториката со Русија ако тие постојано упатуваат закани. Цивилизираните нации се разликуваат од варварските по тоа што никогаш не напаѓаат први, но тоа не значи дека се слаби“, истакна Зеленски.

Тој додаде дека покажувањето слабост не е опција и дека доколку Москва се обиде да го остави Киев без електрична енергија, тогаш и рускиот главен град ќе треба да се соочи со исти последици.

Зеленски исто така потврди дека за овие ставови разговарал и со американскиот претседател Доналд Трамп, кому му ја пренел реалната состојба на бојното поле и идните можни сценарија. По средбата, Трамп изјавил дека е оптимист за шансите на Украина да ја врати контролата врз својата територија во рамките на меѓународно признатите граници.

Escape