ПРВ.мк
Магазин

Откриена огромна подморска река на слатка вода што може да го промени човештвото

Откриена огромна подморска река на слатка вода што може да го промени човештвото

Научници открија огромен резервоар на слатка вода под Атлантскиот океан, кај северозападниот брег на САД, што би можел да биде клучен ресурс за иднината. Истражувањата покажуваат дека слични подморски водни извори можат да постојат и покрај бреговите на други континенти.

Ова откритие е резултат на експедиции со електромагнетни бранови спроведени од Океанографскиот институт „Вудс Хол“ и Универзитетот Колумбија во 2019 година. Резервоарот се протега од Масачусетс до Њу Џерси и се смета за најголем откриен до сега.

Научниците сега ја истражуваат староста на водата, која може да биде од неколку стотици до 20.000 години, како и потеклото – дали од топење на глечери или од дождови. Потеклото и развојот на овие резервоари ќе помогне да се пронајдат слични извори во Индонезија, Австралија и Јужна Африка.

Експертите проценуваат дека еден резервоар може да снабдува град со големина на Њу Јорк со вода во наредните 100 години. Меѓутоа, ваквите извори се ранливи на прекумерно црпење и климатски промени, а нивното користење е скапо и енергетски интензивно.

Според лидерот на експедицијата, Брендон Дуган, водата од овие подморски резервоари би можела да почне да се користи за околу 10 години, а податоците ќе помогнат да се утврди колку се распространети ваквите водни извори низ светот.

Escape