ПРВ.мк
Магазин

Песната што ја забранија 10 години: Животната приказна на легенда

Песната што ја забранија 10 години: Животната приказна на легенда

Легендарната пејачка на севдалинки, Нада Мамула, е најпозната по песната „Плуча су ми болна“, која во Југославија била забранета повеќе од десет години. Родена во 1927 година во Белград, Нада уште од мала покажала љубов кон музиката, но родителите сметале дека пеењето не е соодветно за девојка. Таа се омажила и се преселила во Сараево, каде по успешна аудиција во „Радио Сараево“ започнала кариера која ја направила позната низ цела Југославија.

Настапувала на многу фестивали и добивала награди, а исто така го обучувала и Предраг Цуне Гојковиќ. Но, таа никогаш немала деца, што оставило празнина и влијаело врз некои од нејзините песни. По војните во 90-тите и по смртта на сопругот, Нада се повлекла и живеела мирно до 2001 година.

Песната „Плуча су ми болна“, напишана од Драгиша Недовиќ, била толку моќна и меланхолична што од 1950 до 1957 година се забележал скок на самоубиства, што довело до нејзина забрана од Јосип Броз Тито. Забраната била укината по барање на неговата сопруга Јованка, која сакала песната изведена токму од Нада.

Escape