ПРВ.мк
Свет

Трагедија во Скопје: 30-годишник со Ауди удри во пешак – 83-годишникот почина на Клиника

Трагедија во Скопје: 30-годишник со Ауди удри во пешак – 83-годишникот почина на Клиника

Утринава во 08:15 часот на патот Горно Лисиче – Долно Лисиче во Скопје се случи тешка сообраќајна несреќа. Возач на „Ауди А6“, 30-годишниот Г.Д. од Скопје, удрил во пешакот Т.Ѓ. (83) од Скопје.

Повозрасниот пешак со тешки телесни повреди бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, но за жал, и покрај напорите на лекарите, подоцна починал. Смртта ја констатирал дежурен лекар.

На местото на несреќата увид извршиле јавен обвинител и екипа на СВР Скопје. По наредба на обвинителството, возачот е лишен од слобода, а по целосното документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Escape