Сè повеќе пациенти помлади од 40 години завршуваат на клиника со симптоми на срцев удар, предупредуваат кардиолозите. Според проф. д-р Миљко Ристиќ, бројката на младите со кардиоваскуларни заболувања расте од година во година, а дел од случаите завршуваат трагично.
Главните причини се пушењето кое ги стеснува крвните садови, недостигот на физичка активност, недоволно спиење, хроничен стрес и нездрава исхрана. Дополнително, ризик претставува и генетиката, особено ако во семејството постојат лица со срцеви заболувања.
Лекарите алармираат дека единствена превенција е промена на лошите навики и водeње на поздрав животен стил. „Игнорирањето на предупредувачките сигнали е директна закана по здравјето и животот,“ истакнува Ристиќ.