ПРВ.мк
Македонија

Експлозија во Битола: четворица осомничени добија потешка квалификација – еден сè уште во бегство

Експлозија во Битола: четворица осомничени добија потешка квалификација – еден сè уште во бегство

Јавното обвинителство во Битола отвори постапка против четворица осомничени за инцидентот на 12 јули, кога на улицата „Охридска“ експлодираше рачна бомба и предизвика штета од 405 илјади денари на објектите и возилата во околината.

Првично гонети за „предизвикување општа опасност“, тие сега се соочуваат со потешка квалификација – „тешки дела против општата сигурност“. Еден од нив е обвинет за поттикнување, а останатите за соизвршителство и помагање.

Со доказите е утврдено кој ја поседувал и активирал експлозивната направа – рачна бомба М-75, забранета за цивили. Против него е покрената и дополнителна постапка за „неовластено држење и тргување со оружје и експлозиви“.

Тројца од осомничените се во притвор кој е продолжен на 30 дена, додека четвртиот сè уште е во бегство од денот на нападот.

Escape