Пожарникарите веќе втор ден се борат со голем шумски пожар што избувнал во јужниот дел на Австрија, во близина на границата со Италија.
Поради силниот ветер, огнот брзо се проширил и зафатил површина од околу 110 хектари. Иако засега не постои директна опасност за населението и објектите, ситуацијата останува сериозна.
Гаснењето е отежнато поради непристапниот и стрмен терен, поради што во акцијата се вклучени и хеликоптери кои помагаат во локализирање на пожарот.
Надлежните служби продолжуваат со напорите за ставање на огнената стихија под контрола.









