ПРВ.мк
Свет

Аларм во НАТО-зоната: Неидентификуван дрон падна во воена база – истрагата отвори сериозни прашања

Аларм во НАТО-зоната: Неидентификуван дрон падна во воена база – истрагата отвори сериозни прашања
Kristal

Полските безбедносни служби се во состојба на зголемена готовност откако неидентификувано беспилотно летало паднало во рамки на воена база северно од Варшава, во близина на објект со исклучително чувствителна намена. Инцидентот го истражува воената полиција, а властите засега внимателно ги дозираат информациите.

Според полскиот јавен радио-сервис, дронот паднал во четвртокот во базата во Пшасниш, на само околу 70 метри од складиште за оружје. Локацијата се наоѓа на околу 80 километри од главниот град и претставува клучна точка за радио-електронско извидување. Полската армија го потврди настанот, но не откри детали за потеклото, сопственоста или можната мисија на леталото.

Дополнителна тежина на случајот му дава фактот што оваа воена единица има задача да ги надгледува радио-комуникациите долж северните и источните граници на Полска, вклучително и региони од клучно значење за НАТО. Базата е поврзана и со коридорот Сувалки – тесен, но стратешки исклучително важен појас меѓу Полска и Литванија, кој ги раздвојува Белорусија и руската енклава Калининград и се смета за една од најранливите точки на Алијансата.

Полската војска во последно време регистрирала и летечки објекти налик на балони кои влегуваат во воздушниот простор од правец на Белорусија. Иако често се поврзуваат со шверц, безбедносните служби не ја исклучуваат можноста тие да служат за тестирање на противвоздушната одбрана.

Во услови на засилени тензии, Полска интензивно тестира системи за заштита од дронови. Истрагата треба да утврди дали овој инцидент има цивилна, криминална или потенцијално хибридна безбедносна позадина.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo